еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зошто граѓаните ја изгубија довербата во СЈО?

Последната анкета на телевизијата Телма и МЦМС покажа дека дури 53,3% од граѓаните немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), една од ретките институции во земјава која последниве години имаше висок углед во Македонија.

Една од причните за големиот пресврт со сигурност е бегството на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски во Унгарија, која е четвртиот бегалец во случаи кои ги води СЈО. Еден од нив се врати во земјата, тројца се уште во бегство.

Деновив токму СЈО е посочувана во јавноста како еден од „виновниците“ за неговото бегство.

Дали СЈО има вина за овој голем скандал треба да покажат истрагите на МВР и Јавното обвинителство, кои се во тек.

Друга сериозна замерка на граѓаните во однос на работата на СЈО најверојатно е и долготрајноста на процесите што ги води, што секако не зависи само од СЈО, но граѓаните очекуваа брзи завршници на судските спорови и секако праведни казни.

Во главните причини неизбежно е и да се спомне политичкото влијание во работењто на СЈО, за што најчесто обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Од СЈО секогаш негирале такво влијание, но политичките случувања последниве недели во земјава покажаа дека не е баш така.

Една од причните е секако и драстично намалената транспаретност за постапките на СЈО последниов период. Од таму на јавноста не и одговорија на многу прашања поврзани со нивните барања за притвор, за разлика од порано кога секогаш за било што се организираа „драматични“ прес конференции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откако Обвинителството ги отфрли кривичните против него, Муареми најави тужба за клевета за Русковска

Редакција

Ново видео од нападот на бугарски навивачи во Чаир

Редакција

Вашингтон убеден дека Софија и Скопје ќе најдат решение, не се размислува за санкции против Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница