еМагазин
Image default
Локално

Четиримесечно бебе од Гостиварско таткото го нашол паднато со повреда на главата, мајката спиела

Татко го нашол четримесечното бебе со повреда на главата во семејниот дом во едно гостиварското село. Случајот во полиција е пријавен од гостиварската болница.

Од СВР Тетово информираат дека Ј.А. (41), вчера пријавил дека кога се вратил од работа околу 20 часот и 30 минути, во домот го нашол, паднато покрај кревет своето четиримесечно бебе со повреда на главата. Мајката С.Ш. (21) спиела на креветот.

Повреденото бебе е пренесено во гостиварската општа болница „ Ферид Мурад“ а оттаму заради повредите препратено на скопските клиники.

Се работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓани бараат да се отвори рудникот Иловица-Штука

Редакција

Починат маж пронајден кај неготинската депонија 

Редакција

Тешка сообраќајка на бул. „Теодосиј Гологанов“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница