еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорчев му оддаде почит на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на посетата на САД присуствуваше на церемонијата на оддавање на почит на починатиот поранешен претседател на САД Џорџ Буш, информираат од ВМРО ДПМНЕ.

Ѓорчев беше дел од бројните делегации кои му изразија последна почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во холот на Конгресот на САД.

“Претседателот Џорџ Буш беше добар пријател на Македонија. Нашата земја ја прогласи својата независност за време на неговиот мандат во 1991 година, а неговиот син Џорџ Буш помладиот ја призна Република Македонија под уставното име во 2004 година. Изразувам сочуство до неговото семејство и до граѓаните на САД”, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев се запиша во книгата на жалост. Ковчегот со телото на поранешниот претседател Џорџ Буш е изложено во централниот дел на Конгресот на САД, а денес ќе се одржи црковна служба по повод неговиот погреб.

За време на посетата на Вашингтон пратеникот Ѓорчев ќе присуствува и на парламентарниот форум за безбедност кој ќе се одржи во Сенатот на САД.

Фото: Фејсбук/Ѓорчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот на Галичица се гаси, се апелира да не се шири паника

Редакција

Заев се сретна со Црвенковски: Заедно ќе бараат проширувањето на ЕУ да излезе од крстопат

Редакција

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница