еМагазин
Image default
Македонија

Кабинетот на Иванов отфрла вмешаност во собраниските настаните од 27 април

Кабинетот на претседателот на Република Македонија вечерва преку пишано соопштени ги отфрли, како што се наведува, континуираните и очајни обиди за вмешување на претседателот на Република Македонија и Кабинетот во настаните од 27 април 2017 година.

„Во Кабинетот на претседателот на Република Македонија никогаш ниту се разговарало, ниту се размислувало за прогласување воена или вонредна состојба. Сметаме дека последното посочување на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски, во функција на наводен план за прогласување на воена или вонредна состојба на 27 април 2017 година е уште еден во низата очајни обиди за конструирање сценарио за неосновано вмешување на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и лично на претседателот на Република Македонија во настаните од 27 април 2017 година“, се вели во соопштението од  Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во болниците се хоспитализирани вкупно 294 пациенти заболени од корона вирусот

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваат 448

Редакција

Германското вештачење за пожарот во тетовска болница готово, се чека преводот на извештајот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница