еМагазин
Свет

Американски воен брод плови накај Црно Море: Можен ли е директен судир меѓу САД и Русија

САД почнаа да се подготвуваат за испловување на воен брод во Црното Море и побарале од Стејт департментот за тоа да биде известена Турција, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца високи функционери.

Тие велат дека чекорот претставува одговор на тоа што Русија заплени три украински брода кај Керченскиот Теснец, кој го поврзува Црното со Азовското Море.

САД е должна да ја извести Турција за минувањето на воен брод низ теснецот согласно Конвенцијата од Контро од 1936 година, со која се уредува минувањето на воени бродови низ Босфор и Дарданели, кои го спојуваат Средоземното и Црното Море. Спогласно Договорот, земјите кои немаат брег на Црното Море, треба да ја известат Турција најмалку 15 гена пред транзитот низ теснецот.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека САД изведуваат активности согласно Конвенцијата од Монтро.

„Нашата, американска шеста флота е секогаш подготвена да одговори онаму каде е потребно“, изјави командантот Кајл Рејнс, портпарол на флотата која ги надгледува поморските операции во регионот.

„Имаме право да дејствуваме слободно и согласно меѓународните закони и норми“, појасни командантот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ракетните напади врз Украина се одговор на „терористичките напади“ на руска територија, вели Путин

Редакција

(Видео) 67 лица загинаа откако над Вашингтон се судрија патнички авион и воен хеликоптер

Редакција

Пандемијата на светско ниво се „разгорува“: Речиси 5,7 милиони нови случаи на Kовид-19, починати 87.000

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница