еМагазин
Техно

Со мотото „Од заедницата, за заедницата“ започна гласањето за седмите по ред #ТвитерНагради

Традиционално седма година по ред ќе се одржува настанот Твитер Награди во соработка со Младинскиот Културен Центар Скопје и Градското кино Милениум.

Како и до сега, ова е настан на кој се прогласуваат најдобрите корисници на социјалната мрежа Твитер, но и мал дел на корисници кои се активни и на други социјални мрежи, како што се Инстаграм и Фејсбук.

Освен тие, ќе биде опфатена и една растечка категорија на создавачи на видео содржна на интернет – видео блогерите т.н. влогери како корисници на ЈуТјуб.

На манифестацијата Твитер Награди добитници биле повеќето позначајни чинители од сферата на интернет просторот во Македонија, а во последните години и во телевизискиот и радио просторот.

Карактеристично при изборот на најдобрите е дека корисниците сами номинираат и сами гласаат со цел сами да одлучуат што е најдобро и никој никогаш нема да интервенира во нивниот избор.

Односно, десетте корисници кои што се највеќе пати предложени за номинирање во секоја од 24-те категории се номинирани за гласање за избор на најдобрите. Мотото останува исто „Од заедницата, за заедницата“. Гласањето започна на 7. декември, а ќе трае до 17. декември, 2018 година.

Оваа година генерален покровител е Македонски Телеком, главни спонзори се Пелистерка и Ина @mnogufina, спонзор е Huawei Mobile Македонија, поддржувачи се Seavus Едукативен и развоен центар, Центар за дизајн и иновации – Јавна Соба, Sport Vision Македонија, Витаминка, Sport Life, Фрагмент Комуникации и Badel Pelinkovac.

Организирањето на овој настан има за цел да прерасне во меродавна манифестација која ќе ја мери успешноста на целокупниот интернет простор, вклучувајќи ги корисниците на социјалните мрежи, веб сервисите и веб и мобилните апликации.

Најважно од сѐ, овој настан има хуманитарна цел, односно не се наплаќа влез со цел посетителите да донираат средства за хуманитарни цели.

Оваа манифестација е во организација на Блокираме.мк, а вие можете да гласате на следниот линк:
twitternagradi.azurewebsites.net.

За сите поплаки во врска со гласањето можете да се обратите во Твитер Јавно Обвинителство – ТЈО.
Се гледаме на 22. декември, 2018 година во Градско Кино Милениум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија со промотивна понуда за постпејд корисниците: Двојно повеќе интернет во пакетите за национален мобилен интернет

Редакција

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Редакција

CES 2020: Samsung Electronics ги претстави новите QLED 8K, MicroLED и Lifestyle телевизори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница