еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Продолжен притворот на Камчев и осомничените во „Империја“

Кривичниот суд во Скопје им определи нови 30 дена притвор на осомничените во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

СЈО до судот доставило предлог со кој бара на осомничените да им биде продолжен притворот за нови 30 дена, поради тоа што сè уште опстојуваат причините поради кои им била првично изречена оваа мерка за обезбедување присуство.

Бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески – директорот на комбинатот „Пелагонија“ и Тодор Мирчевски, директорот на контроверзната компанија „Ексико“, остануваат уште еден месец во притвор.

За екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, СЈО дополнително побара притвор за овој случај.

Камчев, Мијалков и останатите се обвинети за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на службената положба, измама и перење пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кичево склучи договор со Пуцко петрол вреден 227,1 илјади евра

Редакција

(Видео) Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Редакција

Заев најави интензивирање на средбите со бугарските власти пред јунскиот Самит на ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница