еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Видео) Активисти: „Борбата“ против загадувањето во Кавадарци најмногу се води околу мерните станици

Еколошки активисти на социјалните мрежи објавија видео во кое тврдат дека се гледа дека надлежните од општината Кавадарци вршат аеросолизација (вештачки дожд) најмногу на локацијата каде што се наоѓаат мерните станици за загадување на воздухот.

„Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018). Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек, од страна на градинката. Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.

На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа за нив критична и важна локација, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.

Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00.  Можеби подобро е воопшто да ја нема мерната станица за квалитетот на воздухот. Вака не се лаже и манипулира народот ни во Северна Кореја“, се вели во објавата на Еко аларм Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Митко Јанчев со вештачки дожд се бори против ПМ честичките во Кавадарци

Екологисти: Методот на Митко Јанчев е евтин триумфализам, потребна е сериозна акција против загадувачите

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не им давајте лажна надеж на граѓаните дека ќе се сменат одредби од Преспанскиот договор, вели Османи за пасошите

Редакција

Радев на Денот на сеќавање на Холокаустот ги “заборави“ 7.144 македонски Евреи кои Бугарија ги депортираше во Треблинка

Редакција

Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти инаугурацијата на Силјановска Давкова

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница