еМагазин
Image default
Македонија

На судењето за „Тортура“ се гледаат видео снимки за апсењето на Бошкоски

Со проекција на видео снимки од телевизиски куќи, во Кривичниот суд започна рочиштето за предметот „Тортура“ на СЈО.

Во првата снимка од дневникот на Македонската телевизија се виде дека прва вест е апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски и како врзан со лисици на рацете се врши увид во неговиот автомобил на местото каде што е уапсен.

Во „Тортура“, обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 120 случаи на Ковид-19, во Скопје 63

Редакција

МВР ќе поднесе кривична пријава против пет лица за „орото во Чаир“

Редакција

Мицкоски нема да праќа писмо до ЕУ, уставни измени ќе има кога Бугарија ќе одобри членство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница