еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Честитка од Ахмети во воена униформа за формирање на косовската армија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, која е дел од владината коалиција, на својот Фејсбук профил со фотографија на која е облечен во воена униформа го честиташе формирањето на косовската армија.

„Многу жртвувања, многу соништа, многу напори, многу мачеништво низ вековите за да дојдеме до овој ден на слободата, независноста, војската, еднаквоста и перспективите“, напиша Ахмети.

Додава дека војската на Косово е камен темелник на мир и стабилност во регионов.

„Одбележувањето на границата меѓу Косово и Србија, меѓусебното признавање, отворањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и на Албанија, нашето членство во НАТО и спроведувањето на Договорот од Преспа, заедно со владеењето на правото во нашите земји, се предизвици кои ни престојат. Сите од нас кои имаат исти вредности и цел за еднаквост, правда и евро-атланска интеграција на нашите земји, треба да си помагаат едни на други“, напиша Ахмети.

Фото: Фејсбук/Ахмети

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Погрешно време е за косовска војска

Србија загрижена поради одлуката за формирање војска на Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца пациенти починаа од Ковид-19 во штипскиот ковид центар

Редакција

Семејство со три деца, невработена самохрана мајка и две постари лица добија хуманитарни пакети од поделбата на џиновската пита на „Питијада 2022“

Редакција

Пратеникот Арбен Зибери се врати во Собрание, двата теста за Ковид-19 му биле негативни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница