еМагазин
Image default
Локално

Полицајци со пукање спречиле семејна трагедија во Скопје

На 14.12.2018 година околу 02,20 часот во село Волково, скопско, при семејна расправија, М.Г.(22) физички ги нападнал, а потоа излегол од домот и пред куќата со нож им се заканувал на неговата мајка, татко и брат, информира МВР.

По преземени мерки, од страна на двајца полициски службеници биле испукани куршуми во воздух заради предупредување, по што истиот бил совладан и приведен.

Известен е јавен обвинител, а на М.Г. му е укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош и во Клиника за токсилогија. По целосно документирање на случајот  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство истражува нереќа во Карпош, каде што во парк дрво падна и повреди дете

Редакција

(ВИДЕО) Изгоре бараката на ЈП „Улици и патишта“ Скопје

Редакција

Во кумановскиот затвор се обесил осомничениот за убиството на сестра му и внукот во Габреш

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница