еМагазин
Image default
Македонија

Никица Корубин од ЛДП ќе делува како независен пратеник

Никица Корубин од Либерално-демократската партија на својот Фејсбук профил, најави дека од денеска ќе настапува како независен пратеник и во рамки на ЛДП ќе делува како фракција.

“Сакам да ве информирам дека од денес настапувам како независен пратеник/ЛДП во Собранието на Република Македонија, во рамките на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Утре ќе го известам претседателот на Собранието на Република Македонија.

Во рамките на ЛДП ќе делувам како фракција. Ако сакаме демократија во општеството, мора да имаме демократија во политичката партија. Лошите пракси во политичката партија се рефлектираат во државата и општеството.

Затоа мора да се спротивставиме на секое нарушување на принципите на делување по правила и стандарди, бидејќи политиката не е за личниот, туку за општиот интерес. Од секого од нас зависи, само доколку ја разбереме моќта на позицијата која ја имаме“, напиша Корубин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горан Милевски реизбран за лидер на ЛДП, порача дека нема да го подржи предлог законот за амнестија

Фото: Корубин/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на Рејтинг: За Пендаровски 38,3 за Силјановска 33,2, за Река 12,6 %

Редакција

Вешти лица ќе даваат исказ за „Монструм“

Редакција

Уште 30 дена притвор за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница