еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Фатен моментот на експлозија на бомбата во дворот на грчката телевизија Скај

Силна експлозија одекна ноќеска во дворот на грчката телевизија Скај, предизвикувајќи само материјална штета на објектот, јави дописничката на МИА од Атина.

На експлозијата, што се сличи околу 2.30 часот по локално време (1.30 часот по средноевропско време) и претходеле два анонимни телефонски повици во информативниот портал Зугла и во грчката телевизија Антена.

При повиците, непознато лице предупредило дека е поставена експлозивна направа во Скај, при што неколку пати потенцирало дека не станува збор за фарса и дека бомбата ќе експлодира по 45 минути.

Полицијата веднаш го затворила делот околу зградата на телевизијата, а според Скај, експлозијата била толку силна што биле искршени прозорците од првиот до шестиот кат на објектот.

Наместо од студиото на телевизијата, утринската информативна емисија на Скај утрово се емитува од дворот на телевизијата.

Министерката за цивилна заштита на Грција, Олга Геровасили и претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис го осудија нападот.

За сега, се уште ниту една од грчките терористички организации, не презела одговорност за експлозијата.

Фото/видео: Zougla.gr/themakaitheama.gr/ТВ Скај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тегелтија: Се надевам дека ова е последниот самит на Отворен Балкан, на кој Босна и Херцеговина доаѓа како гостин

Редакција

Во Србија пристигна „паксловид“, најсовремениот лек против коронавирусот

Редакција

(Видео) Косовската полиција фрли солзавец кон вработени во општината Звечан, на Косово повторно тензично

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница