еМагазин
Image default
Спорт

Манчестер јунајтед го „шутна“ тренерот Жозе Мурињо

„Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа во Манчестер јунајтед и да му посака успех во иднина“, пишува во соопштението на Манчестер јунајтед до Мурињо кој од денес веќе не е тренер на Манчестер јунајтед.

Португалецот не успеа да ја заврши третата сезона на Олд Трафорд. Тој имаше релативно добра прва сезона во која ја освои Лига Европа со Манчестер јунајтед и англискиот лига куп.

Минатата година клубот заврши на второто место во Премиерлигата.

Манчестер јунајтед е шести во Премиерлигата со 19 бодови помалку од лидерот Ливерпул од кој изгуби во неделата со 3-1. Португалецот имаше и нарушени односи со повеќе фудбалери што се чини е главната причина за отказот.

Фото: sportsyahoo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

3, 2, 1, Старт! – Skopje Run 10K е подготвена за одличната атмосфера која ѝ претстои на Скопје

Редакција

Нова, бесплатна и иновативна СКМ ВИРТУЕЛНА ТРКА – Трка за забава!

Редакција

Почна 33-тиот Охридски пливачки маратон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница