еМагазин
Локално

Кривична пријава за полицаец од Кавадарци: Си зел марихуана наместо да ја достави како доказ

Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “спречување на докажување“, информира МВР.

Имено на 25.09.2018 година во Полициската станица Кавадарци, пријавениот, како овластено службено лице-документарист – архивар во Полициската станица Кавадарци примил изготвена кривична пријава против С.Т. со прилог доказен материјал и тоа опојна дрога марихуана со извештај од вештачење за истата и мобилен телефон “Ајфон”, по што истиот не ја доставил кривичната пријава со доказниот материјал до Основното јавно обвинителство Велес, туку истиот ден пријавата со доказниот материјал го изнел од службените простории на Полициската станица Кавадарци и истите ги уништил со што спречил водење на кривична постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со метларка прегазил пешак на кружен тек во Скопје

Редакција

Во Охрид се бара место повеќе за новогодишните празници

Редакција

Го нападнал возач на автобус на Партизанска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница