еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,13, односно за 1,83 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се родава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (D-ЕV) за 58, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 46,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,861 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 28,176 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,81 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,02 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со раст на добивката за 33,5%

Редакција

Ќе нема воз од Скопје до Солун

Редакција

Топ пет трговски партнери на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница