еМагазин
Image default
Бизнис

Банките како лихвари: Просечна камата за кредитите 5,6 отсто, а за штедните влогови 1,5 отсто

Просечната каматна стапка на кредитите кај македонските банки за периодот јануари-септември 2018 година изнесува 5,6 отсто додека просечната каматна стапка за штедните влгови за истиот период се одржува на нивото од 1,5 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.

Анализирано по валута, поизразен пад бележи каматната стапка на денарските и каматната стапка на девизните кредити (од 0,5 процентни поени, во просек, во споредба со истиот период на претходната година).

На страната на депозитите, најзабележително е намалувањето на каматната стапка на денарските депозити со девизна клаузула од 0,4 процентни поени, во просек, во споредба со истиот период од претходната година.

„Во опкружување на ниски каматни стапки, нето каматната маргина што банките ја остваруваат од каматоносните активности има тренд на намалување во последните две години, но и натаму се одржува на релативно високо ниво, што е значително (речиси тројно) повисоко од просекот на ЕУ“, се вели во извештајот на НБРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските банки работат три пати подобро од европските

Банките тријат раце: Раст на потрошувачките, станбените, автомобилските и картичните кредити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добивката на Витаминка во првиот квартал намалена за 117%

Редакција

Продаден блок акции од „Жито Полог“ за 73.000 евра

Редакција

Муареми: Финансиската полиција постапува по случајот „Еуростандард банка“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница