еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ги разреши министрите без ресор Ахмедовски и Ќахил

Собранието на Република Македонија на денешната 77-седница на предлогот на Владата ги разреши Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.

Премиерот Зоран Заев, во образложение на предлогот рече дека разрешувањето е исклучиво од политички причини и по одлука на двата коалициони партнери во Владата.

– Јас сум задоволен од работата на министрите и верувам дека и во иднина ќе изнајдеме начин како да продолжи таа соработка. Се надевам дека Парламентот ќе даде поддршка на предлогот за разрешување, а во втората точка доколку тоа се случи ќе дадам предлогот за новите кандидати за овие две места, рече Заев.

Пратеникот Илија Димовски, рече дека образложението не е добро и потребно е разрешувањето да биде врз основа на анализа за нивната работа.

– Ве повикувам да го исполните даденото ветување за намалување на бројот на министри. Многу министри имате без ресор, за дел од нив јавноста воопшто и не знае какви активности има, рече Димовски.

Пратеникот Самка Ибраимовски ги повика пратениците од опозицијата да го почитуваат и поддржат предлогот и одлуката на неговата партија за разрешување на Аксел Ахмедовски.

– Не сме задоволни од неговото работење поради тоа што сметаме дека она што било планирно во делот на имплементација на стратегијата за ромите не е постигнат резултат за десет месеци, што проекти кои беа опфатени и реализирани во времето кога бев министер он само требаше да врши мониторинг и не успеа да врши мониторинг, рече Ибраимовски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министрите Ахмедовски и Ќахил сами барале да бидат разрешени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кирацовски: Баба ми и сестра ми се повлекуваат од работните места

Редакција

Силниот земјотрес во Албанија, во Македонија почувствуван со интензитет од пет степени

Редакција

(Галерија) Заев во Дубровник позираше со Орбан, нема информација дали имале средба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница