еМагазин
Image default
Локално

Кои се најдобрите полицаец, крводарител и пожарникар на Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2018 година.

– Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи. Таа е дел од нашата етика. Скопје е Град на солидарноста и како таков ги негува традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош. За таа цел Град Скопје дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела и доделува награди за најдобар полициски службеник, пожарникар и крводарител. Сметам дека оваа награда освен за лична мотивација ќе послужи и како добар пример во средината во која живеете и работите, рече Шилегов.

За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди денеска добија:

1. Елвис Далипи, од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје – награда за најдобар пожарникар за 2018 година.

2. Бранимир Китановиќ, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје – награда за најдобар полицаец.

3. Тони Ставревски, истакнат крводарител кој до својата 50-та година има дарувано крв 102 пати – награда за крводарител на годината.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млад скопјанец нападнат со нож при раправија во Чаир

Редакција

Таксисти во Тетово меѓусебно ќе се „испоубиеле“ за да земат патник

Редакција

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница