еМагазин
Image default
Да помогнеме

Brick bar, Brick eat и Four дел од новогодишната кампања организирана од СОС Детско село-место со срце

Оваа година Brick Bar, Brick Eat и FOUR ќе бидат дел од хуманата мисија наречена „место со срце“ чија цел е топол дом и грижа за секое дете.

Од 27 до 29 декември, во пресрет на новогодишните празници ќе бидете во можност да донирате на оние на кои им е најпотребно со самото тоа што ќе го посетите омилениот локал за кафе пауза, ручек, вечера или пијалок.

Дел од приходот кој ќе се оствари за времетраење на оваа кампања од секое “Mесто со срце” ќе биде дониран за децата од СОС Детско село.

Тридневна активност има за цел да ја подигне свеста на пошироката јавност за потребата од поддршка од заедницата, приватниот сектор и граѓаните на ранливите категории како деца без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства.

Brick Bar, Brick Eat и FOUR ја поддржуваат оваа иницијатива и апелираат до сите оние кои имаат можност индиректно да влијаат за помош и подобар живот на социјално ранливата категорија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На штитеници кои од домот „Ранка Милановиќ“ преминуваат во мали групни домови им треба облека

Редакција

Потребни се 15 илјади евра за лекување на дете со неполни две години

Редакција

Можеме да собереме 2.000 евра и да ѝ помогнеме на Билјана, за операција на мекоткивен тумор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница