еМагазин
Image default
Локално

Уапсени 19 танчерки сосе сопственикот во кафана во село во полошко

На 27.12.2018 година од 01,00 до 03,00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект сопственост на Ф.Т.(50) од Неготино – Полошко, информира МВР.

При контролата, во објектот биле затекнати 19 женски лица на возраст од 21 до 37 години, кои како пејачки и танчерки ги забавувале гостите. Лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

Покрај нив, лишен од слобода е и сопственикот на објектот, како и М.С.( 36 ) и Х.А.(32) од Неготино – Полошко, кои ги попречувале полициските службеници во спроведувањето на акциската контрола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец пријавил дека исчезнала неговата малолетна ќерка

Редакција

Маж пронајден починат во стан во Скопје

Редакција

Фатени криволовци со експлозив, харпуни, пушка…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница