еМагазин
Image default
Македонија

Новинарите кои известуваа за време на крвавиот 27 април од Собранието ќе поднесат тужба против државата

Петнаесет новинари кои известуваа од Собранието на 27 април 2017 година покренаа иницијатива за тужба против државата за надомест на штета.

Новинарот Боби Христов, кој е еден од иницијаторите, информираше дека во моментов се во комуникација со правници и дека е можно тужбата да биде проширена и во граѓанска постапка да се утврди одговорноста на поединци во која со преземање или не преземање на одредени дејства придонеле за настанатата ситуација.

„Зад инцијативата сме петнаесеттина, но таа е отворена за сите колеги, фотографи, сниматели…, а некаде после празниците сите кои сакаат да учествуваат во иницијативата можат да се приклучат и да ја продолжиме постапката“, појасни Христов.

Новинарот Горан Трпеноски информираше дека во инцијативата сакале да се приклучат и вработени во Собранието, но нагласи дека во неа можат да се вклучат и оние новинари-извествувачи од настаните кои биле надвор од Собранието.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведочење на полицаец за насилството во Собрание: Во толпата препознав и колеги

Редакција

Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

Редакција

Ламбе Алабаковски доби условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница