еМагазин
Image default
Македонија

Седум години од смртта на Глигоров: Првиот претседател почина на денешен ден

На денешен ден во 2012 година, почина првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров. Глигоров почина на 94-годишна возраст.

„Како прв претседател на самостојна и независна Република Македонија, Глигоров имаше клучна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Остануваат запаметени, меѓу другото, и неговите ставови за добрососедските односи дека „ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници, и да се свртиме кон оние проблеми кои не обединуваат, кои бараат заемна соработка – економска, политичка, и друга… И да ја оставиме историјата на страна“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Владина, на СДСМ и делегација на ВМРО ДПМНЕ, денеска положија цвеќе и оддадоа почит на гробот на Глигоров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Захариева неинформирана: Бугарски културен центар во Македонија има уште од 2005 година

Редакција

Убава вест: Четиримесечното бебе, кое е најмлад пациент заболен од Ковид-19 во стабилна состојба

Редакција

Протоколите за градинките на доработка, па потоа одлука за почеток со работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница