еМагазин
Локално

Српски државјанин тешко повреден, со „Нисан“ излетал од патот Гостивар – Маврово

Ф.И. (32) од Србија е тешко повреден откако ноќеска, управувајќи патничко моторно возило „Нисан“, излетал од регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–Ново Село, соопшти полицијата.

Несреќата е пријавена во 01:20 часот по што Ф.И. со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар – Гостивар, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За еден ден изречени 340 санкции во сообраќајот во Скопје

Редакција

Четворица полицајци тепале маж пред сопругата и бабата

Редакција

Директор на комунално претпријатие 43 пати го прекршил Законот за јавни набавки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница