еМагазин
Image default
Македонија

Следниве денови температура под нула на повеќе места

Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места ќе се задржат под нула, информира денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре ќе дува повремено засилен северен ветер и ќе провејува снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Повремен слаб снег на места ќе има и в недела.

Прогнозата на УХМР покажува дека во сабота минималните температури ќе се движат во интервал од – 15 до – 5, а максималните од – 5 до 2 степена.

Во недела минималните температури ќе се спушат до – 13, во  понеделеник до – 12, во вторник до – 15, а во среда до – 13 степени.

Максималните температури во тие денови ќе бидат во интервал од – 6 до два или три степени, со исклучок на недела кога се прогнозираат 6 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското ВМРО ќе протестира на денот на отварањето на македонскиот клуб во Благоевград, а навивачи ќе слават роденден на фудбалски клуб

Редакција

Украинец и Унгарец уапсени на српско-македонската граница со 268.000 евра

Редакција

Двајца од новопочинатите од корона вирусот немале контакт со потврден случај, еден без претходни заболувања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница