еМагазин
Image default
Македонија

Детали за сообраќајот по патиштата: Снегот го отежнува движењето

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат“.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар и на Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

На регионалниот пат Р-1203 од село Рогачево до граничен Јажинце, поради силен ветер наместа има наноси од снег.

Се апелира на внимателно возење ии приспособувањена брзината спрема условите на патот, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Од „Македонија пат“ информираат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

302 нови случаи на Ковид-19 од 2.182 тестови, 35 се реинфекции

Редакција

Украинскиот претседател Порошенко: Македонија го осуети планот на Русија да и го блокира патот кон НАТО

Редакција

Регистрирани нови 25 случаи со корона вирусот, 14 од нив во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница