еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за авионски билети потрошил 102.857 денари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отвореност ги објави трошоците на директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски за периодот од 1 јули до 31 декември 2018 година.

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во втората половина на минатата година има направено трошоци во вкупен износ од 294.742 денари и тоа по следните ставки:

1.При патувања во странство – 192.430 денари од кои: за авионски билети – 102.857 денари и за хотелско сместување – 89.573 денари.

2.Трошоци за репрезентација во Република Македонија – 83.040 денари од кои: угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 40.100 денари и
угостителски услуги со дипломатски и претставници на државни институции – 42.940 денари.

3.За службен мобилен телефон – 19.272 денари.

„Истовремено, потсетуваме дека Агенцијата отчет за своето работење, во вид на годишни извештаи доставува до Собранието на Република Македонија. Истите се објавуваат на веб страницата на Агенцијата“, велат од Агенцијата.

Фото: Фејсбук/Трајчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство

Редакција

Штипското Инфективно одделение од вчера повторно е ставено во функција

Редакција

Реплек со раст на приходите од продажба од 20% во првата половина од 2024

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница