еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен: Прилепчанец почина, а две деца се тешко повредени

На 06.01.2019 година во 16,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од с.Дрмени-ресенско, информира МВР.

На местото на настанот починал Љ.П. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од с.Дрмени-ресенско, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца „јунаци“ натепале и ограбиле 88-годишен маж сред бел ден во Скопје

Редакција

Онур Али нов заменик министер за култура: И партијата на Скендер Реџепи дел од техничката влада

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Пуцко петрол“ вреден 2,3 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница