еМагазин
Свет

Во основно училиште во Пекинг избодени 20 деца

Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе во Пекинг, соопштија кинеските власти. Повредените ученици се префрлени во болница, а меѓу нив се и тројца кои се во тешка здравствена состојба, но не се животно загрозени.

Напаѓачот е уапсен, а кинеските медиуми наведуваат дека тој бил вооружен со нож, а очевидци тврдат дека имал и чекан в рака.

Директорот на училиштето им кажал на родителите дека осомничениот е незадоволен поранешен работник кој бил отпуштен, а работел како домаќин во училиштето. Полицијата засега не ги откри мотивите за нападот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шефот на ЕУ дипломатијата, Борел: Светот се соочува со драматична ситуација, војната во Украина нема наскоро да заврши

Редакција

(Видео) Гаѓаше цел на оддалеченост од 600 метри: Путин го испроба новиот снајпер од „Калашников“

Редакција

Се повеќе помлади од 40 години на интензивна нега во Бразил поради коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница