еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за скопјанец: Со објава на Фејсбук ја загрозил сигурноста на пратениците

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

По наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје Б.Б. на 9.1.2019 е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момчето кое наводно било киднапирано и принудено да се самозапали, само предизвикало пожар од чии последици и починало

Редакција

Пожар во стан во скопската населба „Пролет“

Редакција

Најмалку шест лица меѓу кои и пожарникар се повредени во пожар во зграда во Чаир, 100 лица евакуирани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница