еМагазин
Image default
Македонија

Џафери го демантира Бачев дека претставници од американската амбасада, држат тројца пратеници заклучени во Собранието

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.

„Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободнo“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

Лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев обвини дека „тројца пратеници се заклучени во Собранието каде што е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон, и врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени“.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меркел: Се бориме за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, Албанија ќе почека

Редакција

Снимките од Албанија од бегството на Груевски не можат да се обезбедат, бидејќи системот автоматски ги избришал

Редакција

(Фото) Рамадани, кој избега од домашен притвор во Скопје, е веќе во Косово?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница