еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни

Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни. Во тешки околности, го решивме најголемиот проблем од независноста, што Македонија упорно ја влечеше назад, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи, Никола Димитров, откако Собранието претходно денеска ги изгласа уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

-Ја преземавме одговорноста на нашата генерација, да ја зацврстиме државата и да направиме услови за подобра и посигурна иднина за идните генерации. Го зачувавме најважното, македонскиот идентитет, а нашата Македонија ја разграничивме од нашите соседи, вели Димитров.

-Ви благодарам на поддршката кога беше најтешко, на советите, но и на критиките. Горд сум на македонскиот народ, на нашите сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Покажавме дека во нашата Македонија, живее идното, европско лице на Балканот. Кога сакаме, можеме. Сега засукани ракави, да си ја направиме европска во секоја смисла. Секој во своето. Ќе не’ биде!, пишува Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Кои пратеници изгласаа промена на името на државата во Северна Македонија

Хан, Могерини, Столтенберг честитаа за уставните измени, никој не спомнува Северна Македонија

Македонија станува Северна Македонија: Гласаа 81 пратеник

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

Редакција

(Фото) Со пурпена запечатен автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје од СДСМ, Јанчева

Редакција

Досега вакцинирани 18.261 граѓанин, имунизацијата продолжува со приоритетните групи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница