еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Република Северна Македонија излезе во Службен весник

Одлуката за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија е објавена во саботата во шестиот број на Службен весник на РМ.

Одлуката ја потпишал претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Македонското Собрание на 11 јануари ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот со Грција за решавање на спорот за името, со што македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.

Пратениците со двотретинско мнозинство од 81 пратеник во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен е и Уставниот закон за спроведување на амандманите.

Уставните измени со кои името на државата се менува во Република Северна Македонија ќе стапат во сила откако Договорот од Преспа и Протоколот за пристапување на земјата во НАТО ќе биде ратификувани во грчкиот Парламент.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се собираат 150.000 потписи за нов референдум за името

И Ципрас почна да не вика Северна Македонија

Твитер „експлодира“ за Северна Македонија: „Леле кој че се објаснува в лето на одмор во Грција од кај сум“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога и за кого ќе има трета доза во Македонија

Редакција

Од донор кај кој е потврдена мозочна смрт, млад пациент доби срце, а двајца пациенти бубрези

Редакција

Данска со 6 милиони жители има 122 здравствени институции, a Македонија 1.200, не може ни Швајцарија да ги одржи, вели Меџити

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница