еМагазин
Македонија

Педесет и тригодишен Македонец починал на паркинг на ски-центар кај Банско

Бугарскиот весник „Струма“ објави дека педесет и тригодишен Македонец починал на паркинг на ски-центарот Кулино кај Разлог кога ненадејно му се слошило.

Според Струма, човекот починал веднаш на самото место, а кога пристигнале медицински екипи, била констатирана смрт.

Починатиот паднал пред сопругата и детето. Тие престојувале во Банско, но одлучиле да скијаат во Кулино. Додека се обидувал да ги извади скиите од автомобилот на паркингот, тој се струполил на земјата. Се претпоставува дека причина за смртта е силен срцев удар, пишува весникот.

Како што се наведува весникот, семејството одбило аутопсија на телото на починатиот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стефан Богоев за случајот „Рекет“: Се што знам кажав во Обвинителство

Редакција

Веста за апсењето на Боки 13 одекна во регионалните медиуми

Редакција

Пребројани 770.000 гласачки ливчиња: Пендаровски има недостижна предност пред Силјановска Давковка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница