еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Момчето кое го фати крстот во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток собраа над 81 илјада денари за лекување на Драгана Малкиќ

Дарко Недев, момчето кое го фати светиот крст во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, во денешната хумана акција собраа повеќе од 81 илјада денари за лекување на Драгана Малкиќ, соопштија од навивачката група на Фејсбук.

-Спојувајќи ги религијата и хуманоста, тие денеска инспирираа голем број на кавадарчани да се вклучат во хуманитарната акција за помош на Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Германија. На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат светиот крст кој вчера беше потопен во водите на реката Луда Мара, беа собрани парите кои веќе се предадени на семејството Малкиќ, информираа од навивачката група.

И покрај задоволството од огромниот одѕив, од навивачката група Лозари соопштија дека и во наредниот период ќе продолжат со хуманитарната акција, се со цел што побрзо да се соберат уште 5.000 евра, кои се потребни за операцијата на Малкиќ.

Дополнително, Лозари потсетуваат дека сите хумани луѓе можат да донираат на жиро сметката 280109104095596.

Фото: Фејсбук/Лозари Исток

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групацијата Новоматик во Македонија и АПЕКС изминатиот период донираа медицинска опрема во износ од 200.000 евра

Редакција

Румена Бужаровска е новото големо име во ТРИ: Женскиот глас што надалеку се слуша, во ново издание

Редакција

Фестивал за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2019 – Зелено Скопје” 31 мај-02 јуни 2019 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница