еМагазин
Image default
Македонија

Случај „Македонска банка“: Груевски ја повлекол тужбата за клевета против Заев

Поранешниот премиер Никола Груевски ја повлекол тужбата за клевета и навреда против актуелниот премиер Зоран Заев, во врска со негова изјава за случајот со продажбата на „Македонска банка“.

– Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести Судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8 јануари 2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување согласно член 318 од Законот за парнична постапка, велат од Основниот суд Скопје 2.

Тужбата за клевета Груевски до Судот ја поднесе во 2014 година. Со правосилна пресуда Заев првично требаше да му плати 500 илјади евра за клевета и навреда на Груевски.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен Конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2023/2024 година

Редакција

Починаа нови шест пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 689

Редакција

Судењето за несреќата кај Ласкарци формално почна од почеток

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница