еМагазин
Image default
Локално

Драма во Идризово: Почина затвореник од Кавадарци по обид за бесење

Затвореник во КПД „Идризово во обид да се обеси со ремен бил спречен од други затвореници, но на пат кон болница, сепак, починал.

Како што соопшти МВР, вчера вработен во Казнено поправна установа „Идризово“ пријавил дека околу 15 часот во КПУ „Идризово“ затвореникот Г.Н.(45) од Кавадарци, се обидел да се обеси со ремен, но од страна на други затвореници ременот бил отстранет.

На пат кон комплекс клиники „Мајка Тереза“ Г.Н. починал.

За случајот бил известен јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото на починатиот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако на некој му пречи името на компанијата, мислам дека не е во ред, вели Таравари за „Ѓока констракшн“, која сака да ја гради катната гаража на Клинички

Редакција

МВР во „лов“ на диви тркачи во Скопје: Санкционирани 24 мотоциклисти

Редакција

Нападнат и ограбен вработен во ланец казина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница