еМагазин
Балкан

Мицотакис: Нова демократија ќе направи сѐ за да не се ратификува Договорот од Преспа

Претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис синоќа од Солун порача дека неговата пратија ќе направи сѐ што може за да ја спречи ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, рече дека во Парламентот започнува исклучиво критична расправа за националното прашање, а сите пратеници за одлуките ќе бидат соочени со нивната совест и со историјата, јави дописничката на МИА од Атина.

-Договорот од Преспа е лош договор. Бидејќи за прв пат Грција официјално отстапува македонски јазик и македонски идентитет на соседите и на овој начин ја напушта децениската политика од причини кои само Ципрас ги знае. Нова демократија на расправата ќе дојде координирана, со трезвеност и решителност. Ќе им објасни на грчките граѓани зошто овој договор е лош договор. И ќе направи сѐ што може за да ја спречи ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, рече Мицотакис.

Тој го повтори барањето на Нова демократија, Парламентот да го има на увид македонскиот Устав истакна дека е несфатливо да се води дискусија без претходно да биде доставен конечниот, ревидиран и пречистен текст на Уставот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вo Хрватска протекоа повеќе од 180.000 лични податоци на граѓани од компанијата ЕОС Матрикс, која помага за наплата на долгови

Редакција

(Видео) Тензично на Косово поради одлуката на Владата за пререгистрација на возила и лични карти

Редакција

Бугарин во Кавала го симнал грчкото и го закачил бугарското знаме, оти градот бил во Бугарија, а не Грција 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница