еМагазин
Балкан

Мицотакис најави вето за членството на Скопје во ЕУ, кога ќе стане премиер

Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор во Парламентот за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, порача дека тој како премиер би го искористил правото на вето на патот на Македонија кон Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од Преспа. Грција може во кој било момент да стави вето во процесот на интеграција на Скопје во ЕУ и ова право на нашата татковина одбивам да го напуштам, порача Мицотакис.

На почетокот на неговиот говор што траеше еден час, рече дека Договорот од Преспа не требаше никогаш да биде потпишан и „секако, никогаш не требаше да дојде во грчкиот Парламент за ратификација, бидејќи претставува национален пораз”.

Мицотакис спомена седум вистини за тоа дека Грција направила отстапки во Договорот од Преспа.

Лидерот на Нова демократија, сепак, рече дека мора да биде искрен дека ако Договорот се ратификува, тогаш не може да се поништи, бидејќи има посилна моќ од кој било закон и затоа од парламентарната говорница ги повика пратениците, како што рече, да го кажат големото „НЕ” на денешното гласање за ратификација на Договорот од Преспа.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ги потсети Комунистите за неправдата нанесена на Егејците: Оставам на вашата совест дали ќе гласате

(ВИДЕО) Запалено македонското знаме на протестот против Договорот од Преспа во Атина

(Вознемирувачко видео) Нападнат домот на уште една пратеничка на СИРИЗА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Српската опозиција сонува македонско сценарио

Редакција

Во Србија влез само со ПЦР тест или ако сте вакцинирани

Редакција

Германскиот државен секретар за Европа, Рот: Цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница