еМагазин
Image default
Балкан

Минималната плата во Грција се зголеми од од 586 на 650 евра: Прва владина седница по ратификација на Договорот од Преспа

Историскиот Договор од Преспа отвара нова ера на соработка, солидарност и пријателство на Балканот, го поразува национализмот од двете страни и е победа за оние кои не дозволуваат иднината да падне во рацете на квази-патриотите, порача грчкиот премер Алексис Ципрас за време на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

-Денешната седница е посебна, бидејќи се одржува непосредно по ратификацијата од страна на грчкиот Парламент на еден историски договор, Договорот од Преспа. Станува збор за политички настан, историски што означува многу нешта. Пред сѐ, решавање на историски проблем со нашите соседи, со Северна Грција. Но, го означува и поминување во нова ера на соработка, солидарност и пријателство на Балканот, но и пораз на национализмот, би рекол на национализмите од двете страни, што во исто време е победа за оние сили кои немаат намера да ја остават иднината на двата народи на квази патриотите, на трговците со омраза, рече грчкиот премиер.

Алексис Ципрас, денешната владина седница ја карактеризираше како посебна од три причини: бидејќи е прва по изгласаната доверба на владата од грчкиот Парламент, прва по ратификацијата на, како што рече, историскиот Договор од Преспа и поради одлуката за зголемување на најниската плата од 586 на 650 евра.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес во Албанија почувствуван и во западните делови на државата

Редакција

На 28 мај втор круг од претседателските избори во Турција – претседател ќе се бира меѓу Ердоган и Киличдароглу

Редакција

(ВИДЕО) Снимка од дрон покажува што и направи пожарот на Евија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница