еМагазин
Македонија

И сексуалната ориентација треба да биде вклучена во законот против дискриминација, велат од Европската Комисија

Во изјава за МИА, портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич потврди дека сексуалната ориентација треба да биде вклучена како основа во законот за анти-дискриминација, јави дописничката на МИА од Брисел.

По дебатите во јавноста и критиките на граѓанскиот сектор за ставот на повеќе политички партии дека вклучувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа во законот за администрација е спорно, Европската Комисија потсетува дека ова е обврска на патот кон ЕУ.

-Нашата позиција е јасна: нацрт законот за спречување и заштита против дискриминација го подобрува усогласувањето со европските стандарди и ЕУ законодавството, ова треба да ги вклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација, изјави Коцијанчич.

Од Европската Комисија упатуваат и на последниот извештај за Македонија во овој дел, јаде се вели дека е од “суштинско значење да бидат вклучени сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за дискриминација и нацртот да биде изменет во согласност со мислењето на Венецијанската Комисија“.

Понатаму извештајот на ЕК истакнува и дека „промените ќе треба да се рефлектираат и во други закони, вклучително и кривичниот законик“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смртна закана кон сопругата го спречила Јанчев да гостува во телевизиска емисија

Редакција

Обид за убиство на јавен обвинител во Чегране, Гостиварско: Нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот

Редакција

Амбасадата на САД за барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница