еМагазин
Image default
Балкан

Грчки митрополит осуден поради барање граѓаните да ги плукаат хомосексуалците

Митрополитот Амвросиос од грчкиот град Калаврита е осуден на условна затворска казна од седум месеци, која нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело – јавно поттикнување насилство или омраза и за злоупотреба на црковната служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот митрополит во декември 2015 година објави текст во кој ги нападна хомосексуалците и побара од граѓаните да ги плукаат, а еден месец подоцна активисти за правата на ЛГБТ заедницата поднесоа тужба против Амвросиос за поттикнување насилство или омраза врз основа на Законот за борба со расизам и за злоупотреба на црковната служба.

Во мај беше ослободен, но следеше жалба и вчера беше прогласен за виновен.

Митрополитот Амвросиос освен што јавно го искажува неговото несогласување со правата на ЛГБТ заедницата, важи за поддржувач на Златна зора, а во минатото има изјавено дека мигрантите „ја загадуваат земјата“, категорично е против изградба на џамија во Атина, а по катастрофалните пожари лани во областа Атика, рече дека главен виновник е грчкиот премиер Ципрас, бидејќи е атеист.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради зголемен број на случаи со Ковид-19, Црна Гора ги затвори границите за македонските граѓани

Редакција

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од моментите пред убиството на 29-годишниот навивач на АЕК

Редакција

Осомничениот за убиството на 14-годишен ученик во Приштина, сам ѝ се предал на полицијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница