еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Ако има можности ќе ги декласифицираме документите од преговорите за името од 1992 до склучувањето на Договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев најави дека ако постојат законски можности ќе им препорача на институциите да бидат декласифицирани документите од преговорите за името со Грција, од 1992 година до склучувањето на Договорот од Преспа.

– Ако постојат можности во соодветен момент којшто не би нанел штета на државата, ниту на односите со Грција, лично би им препорачал на институциите да ги декласифицираат и објават податоците, рече Заев во одговор на прашање од пратеничката Нола Исајловска Старова.

–  Ако објавиме ќе објавиме се што постои секако ако тоа е возможно и со тоа мислам дека ќе им помогнеме на граѓаните да им биде полесно во целата постапка знаејќи се што се случувало наназад и се што се случуваше во конечниот дел од разговорите, дополни Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседавање со ЕУ, порача бугарската министерка Генчовска

Редакција

Осум лица се тестираат на корона вирусот, околу 200 се во домашна изолација

Редакција

Катица Јанева: Мијалков не бил таргет на прислушување, тој ја дал наредбата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница