еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од денеска

НЛБ Банка спроведува две промотивни кампањи за НЛБ Потрошувачките кредити и НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица во периодот од први до 28 февруари.

„Во рамки на промотивната понуда за НЛБ Потрошувачки кредити, Банката ги нуди НЛБ Виолетовиот плус со полиса за осигурување на живот и НЛБ Сребрените потрошувачки кредити, со поповолни каматни стапки и без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци.

Воедно, во истиот период Банката води промотивна кампања за НЛБ мКлик мобилното банкарство.

Во рамки на кампањата сите клиенти кои ќе направат минимум 5 трансакции преку НЛБ мКлик мобилното банкарство, добиваат подарок – патничко осигурување.

НЛБ мКлик мобилното банкарство на корисниците им нуди можност за извршување на сите банкарски трансакции, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку НЛБ мКлик клиентите имаат постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, можат брзо и едноставно да плаќаат со само еден клик и директно да комуницираат со Банката.

НЛБ мКлик апликацијата е достапна на Google Play и Apple Store и може самостојно да се инсталира без потреба да се посети банката.

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/ 15 600 или на веб страницата nlb.mk“, се вели во соопштението на банката.

*КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 20 стипендии од Групацијата Лимак за иницијативата Global Engineer Girls

Редакција

Нова книга есеи на Венко Андоновски „Достоевски и Мекдоналдс“во издание на ТРИ

Редакција

„Тиго Фајнанс“ и „Електрометал“ пионери со уникатно партнерство – над 60.000 денари за над 60.000 производи  

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница