еМагазин
Image default
Македонија

Следува период на променливо облачно и потопло време

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека следува период на променливо облачно и потопло време, што на повисоките места и на планините ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

По одделни котлини и утре изутрина, како што се посочува, ќе има услови за појава на слаба магла, но преку денот ќе биде ветровито со повремено засилен југоисточен ветер.

В понеделник ќе има локални врнежи од дожд главно со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Висината на снежната покривка измерена изутринава на Попова Шапка е 92 сантиметри, во Маврови Анови – 59, во Лазарополе – 42, Крушево – 39, во Пожаране – 27, Тетово  – 10 см…

Времето денеска е променливо облачно, во северозападните делови со слаб локален дожд, на места со ветер од југоисточен правец и релативно топло. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со слаба замагленост претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 11 степени, информираат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две девојки на 23 и 24 годишна возраст починаа од Ковид-19, едната од нив без претходни заболувања

Редакција

Убава вест: Оздравени 365 заболени од Ковид-19, од Скопје 288

Редакција

Бугаринот кој нудеше 200 евра за идентитетот на македонски полицаец го избриша постот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница