еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Се „јави“ и Бранко Црвенковски

Поранешниот македонски премиер и претседател, Бранко Црвенковски, првпат откако е поранешен претседател на Македонија се појави во јавност на политички настан, пренесе порталот Ако.мк.

Тој е дел од новоформираниот Подгорички клуб, во кој членуваат поранешни премиери и претседатели од регионот.

Овој клуб е формиран за да понуди визија за Западен Балкан, како заедничка стратегија за интеграција во ЕУ.

Основачи на клубот се поранешните претседатели на Црна Гора, Македонија и Словенија, Филип Вујановиќ, Бранко Црвенковски и Данило Тирк, поранешниот претседавачки член на Босна и Херцеговина, Златко Лугумџија, како и поранешните премиери на Хрватска и на Србија, Јадранка Косор и Мирко Цветковиќ.

Членови на Подгоричкиот клуб се и поранешните функционери, претседатели на држави, премиери и претседатели на Собрание, Милан Кучан, Хари Костов, Наташа Мичиќ, Алфред Мојсиу, Фатмир Сејдиуи и Игор Лукшиќ.

Фото/видео: Vijesti Online

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина директорот на МЖ Транспорт Шабан Зендели

Редакција

Владата го достави до Собранието дополнувањето на „францускиот предлог“

Редакција

Вработени во Фонд за здравство и Централен регистар сведочеа на судењето за „Титаник“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница