еМагазин
Да помогнеме

Зоолошка со кампања „Креирај и донирај“: Проект за разубавување на Скопје ЗОО и живеалиштата на животните

ЗОО Скопје започнува со кампања за разубавување на зоолошката, како и збогатување на реквизитите за животните (enrichment), соопштуваат од таму.

„Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто кое може да го подари е добредојден да помогне.

Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни…

Сите сте добредојдени!

Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје. Затоа што е наша, заедничка на сите!Кампањата ќе трае до 30 март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на ЗОО Скопје.

Доколку Ви се потребни креативни идеи за изработка на enrichment, има илјадници на Pinterest.

Доколку сакате да креирате и донирате, јавете се на 070/688-014. Споделете ја оваа објава, можеби и некој ваш пријател ќе сака да се вклучи во кампањата,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да помогнеме, едниот родител на Моника Бојковиќ да замине со неа во Германија, каде што таа ќе се оперира од тумор на ’рбетен мозок

Редакција

И требаме на малата Ања

Редакција

Исчезна Давид, синот на Зоран Роџер, семејството бара помош!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница