еМагазин
Image default
Балкан

Одбиени барањата на Златна зора и Независни Грци за противуставност на ратификацијата на Протоколот за НАТО

На почетокот на расправата во грчкиот Парламент, за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, веднаш по обраќањата на двајцата известувачи, Независни Грци и Златна зора доставија барања за противусавност на конкретниот нацрт закон.

Приговорите и барањата, беа отфрлени од другите партии. Мариа Коља Царуха од Независни Грци во барањето за противуставност објасни дека според член 28 параграф 2 од грчкиот Устав, се отстапуваат суверени права, а со тоа за ратификација потребно е зголемено мнозинство од 3/5 од пратениците, односно 180 гласови, а не 151.

Слично беше барањето и од Златна зора.

Поранешниот министер за правда и пратеник од СИРИЗА, Ставрос Кондонис рече дека со конкретниот нацрт закон нема отстапување на надлежности или власт, а за отстапување на права требаше да се говори кога Грција стана член на НАТО, а не за интеграција на трета земја.

Пратеникот од Демократската алијанса, Андреас Ловердос коментирајќи го барањето на Независни Грци рече дека: „дијалогот е политички, а не поврзан со законите“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Без поголеми инциденти, во Белград сепак се маршираше на Европрајд

Редакција

Уште тројца вработени во грчката железница кривично се гонат за несреќата во Грција

Редакција

Еден од петте приведени антиваксери во Србија бил вакциниран

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница