еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети срдечно се збогува со Бејли: Кога и да дојдеш ќе најдеш конак во мојата куќа, чао пријателе!

Драг Џес, кога и да посакаш да дојдеш во Македонија ќе имаш конак кај мене и моето семејство. Со овие зборови лидерот на ДУИ, Али Ахмети се збогува од американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

На прошталната средба, Ахмети порача дека со нивната блиска четиригодишна соработка ја извадиле земјата од криза и овозможиле напредок кон евроинтеграциите.

Тој се заблагодарува за извонредниот придонес и што кризата заеднички ја претвориле во шанса.

„Во овој период се затвори спорот со Грција и Бугарија, се постигна јазичната еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, напиша Ахмети на својот фејсбук профил.

Фото: Фејсбук/Али Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Пандов именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкции

Редакција

Ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани, 59.735 примиле трета доза

Редакција

Почна судењето за „Меѓународниот сојуз“, обвинетите не чувствуваат вина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница