еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чудни критериуми за вработување: Нема место за лекари Македонци во тетовската Клиника

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари обвинува за местење на огласите за вработување медицински лица во Клиниката во Тетово.

Тие ги објавија резултати од конкурсот за вработување од кои може да се види дека бодувањето на кандидати не било земено предвид при доделувањето на работните места.

Имено, кандидатите кои се високо на листата според бодувањето не се вработени, а на нивно место се избрани други лица.

Случајност или не, сите вработени се лекари Албанци, иако на конкурсот биле пријавени лекари – Македонци кои добиле повеќе бодови.

„Властите, ЛКМ и ЗЛС молчат, ние не! Каков е овој скандал и неправда! Првата слика е ранг листата, а втората примени кандидати, срамота! Бараме одговорност за ова!“, реагираа од Асоцијацијата.

Фото: Фејсбук/Асоцијација на специјализанти и млади лекари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски вели оти во манастир случајно се сретнал со претседателот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ и оти не го познава

Редакција

Мицкоски: Имавме позитивна и успешна средба, целта ни е да спасиме што е можно повеќе животи

Редакција

Фетаи: Не е битно кој ќе гони, битно е тие што се огрешиле пред законот да одговараат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница